Регион
Од камповите во Сирија, во Албанија вратени две жени и три деца, до сега вкупно 44 албански државјани
Петмина албански државјани односно две жени и три деца, денеска се вратени во Албанија од Сирија, како дел од операцијата за репатријација, координирана од албанските власти.
Тие пристигнаа со чартер авион и беа пречекани од министерот за внатрешни работи, Бесфорт Ламалари, и генералниот директор на државната полиција, Скендер Хита.
Меѓу повратниците се Хајрије Таушани, Мирвете Дибра и три деца, од кои две се малолетни девојчиња. Таушани (79) е едно од имињата што со години се поврзува со историјата на Албанците што останале во камповите во Сирија.
Според медиумите таа заминала во Сирија за да се грижи за своите внуци, чии родители загинале како прпадници на Исламска држава. Денеска, по години поминати во сириски кампови, Таушани се врати во Албанија со своето внуче, кое е малолетно. Пртеходно се вратило нејзиното друго внуче.
– Мирвете Дибра, со години била во сириски кампови со своите две ќерки. Биле во кампот Ал-Хол, а потоа во кампот Рој, додека нејзиното семејство постојано повикуваше на нивно враќање во Албанија. Таа беше сопруга на црногорскиот државјанин Хамид Бехаровиќ, кој во 2017 година се соочи со обвиненија во Црна Гора за учество во странска вооружена формација, идентификувана од обвинителството како терористичка организација ИСИС, наведуваат медумите.
На повратниците им беа дадени подароци, а потоа беа придружувани од амбулантни возила за потребните медицински прегледи.
Во сириските кампови, не сметајќи ги возрасните кои се во затвор, сè уште има 14 албански деца. Меѓуинституционалната работна група ќе продолжи со работата за репатријација на други албански државјани од Сирија, доколку се создадат потребните услови за нивно безбедно враќање
До сега во земјата се вратени 44 албански државјани, главно жени и деца. На страната на ИД се бореле над 150 албански државјани, а повеќе од 70 се убиени.
август 27, 2026
