Скопје
Класичната музика со концерт на женскиот квартет „Полихимниа“ во Карпош
Во холот на Општина Карпош денеска се одржа концерт на женскиот квартет „Полихимниа“, со цел промоција на камерната и класичната музика и приближување на светската музичка литература до карпошани.
Публиката, како што информираат од Општина Карпош, уживала во изведби на дела од светски познати композитори, современи автори, како и дела од македонски автори.
-Слушателите уживаа во изведбата на искусниот квартет, во чиј состав членуваат Риана Рамиз Мемедов –автор, носител на проектот, виолинист и член на квартетот, Маре Видевска-виолончелист (член на квартетот), како и Верица Шотаровска-пијанист (член на квартетот) и Николина Ефтимова-Тодоровска , флејтист (член на квартетот), се наведува во соопштението.
Од Општина Карпош посочуваат дека ваквите културни настани придонесуваат за збогатување на културната понуда и создавање нови можности за граѓаните да уживаат во камерната музика.
Женскиот квартет „Полихимниа“ зад себе има повеќе настапи на различни сцени во земјава, а со концертот во Карпош продолжува со промоција на класичната музика и музичкото творештво на домашни и странски автори
август 27, 2026
