Живот
„ЛЕГО“ со рекордна заработка од 5,6 милијарди евра во првите шест месеци од годинава
Данскиот производител на играчки „ЛЕГО“ во првите шест месеци од 2026 година остварил рекордни приходи од 41,9 милијарди дански круни (5,6 милијарди евра), што претставува раст од 21 отсто во однос на минатата година.
Со тоа, добивката на компанијата пораснала за 22 отсто на годишно ниво, достигнувајќи 10,9 милијарди дански круни, т.е приближно 1,46 милијарди евра, информираше „Си-ен-би-си (CNBC).
– Многу сме задоволни од силниот почеток на 2026 година и од возбудата што го следи брендот „ЛЕГО“. Нашиот успех ни овозможува да продолжиме со вложување за уште поголем раст и одржливост, изјави генералниот директор на компанијата, Нилс Б. Кристијансен. Според мене компанијата оствари голема продажба во првата половина на 2026 година, што покажува дека муштериите и понатаму купуваат поевтини и подостапни сетови, но истовремено постои силна побарувачка и за поскапи и посложени производи.
Во првите шест месеци од 2026 година се пуштени во продажба 332 нови сета, што претставува уште еден нејзин успех. Меѓу другото, „ЛЕГО“ соработува со познати брендови и франшизи, меѓу кои „Покемон, Формула 1 и ФИФА“, а додека партнерството со „Епик гејмс и Фортнајт“, го внесува брендот во светот на дигиталната забава, овозможувајќи брендот да допре до нова публика. Дополнителен интерес кај купувачите будат и моделите од ботаничката колекција, што придонесува за проширување на базата на потрошувачи и за раст на продажбата.
Според Кристијансен, новите партнерства и соработки носат и нови купувачи кои претходно не биле заинтересирани за брендот. Во исто време, компанијата успева да ги задржи постојните потрошувачи, поттикнувајќи ги да купуваат повеќе производи.
Во првото полугодие на 2026 година компанијата отвора и дополнителни брендирани продавници, со што вкупниот број малопродажни објекти достигнува 1.106 во светски рамки. Со тоа „ЛЕГО“ добива хартиена амбалажа и со тоа до идната година целосно да ги замени пластичните кесички. За таа цел, компанијата сè почесто користи обновливи и рециклирани материјали за производството на „ЛЕГО“ коцките.
август 25, 2026
