Хроника
Неготинец лишен од слобода, фатен со усмртено диво животно во ранец, за време на ловостој
Неготинец бил лишен од слобода, фатен со усмртено диво животно за време на ловостој, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 20:20 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишија од слобода К.В., на возраст од 56 години од Неготино. Претходно било пријавено дека кај место викано „Горна Чешма“ во атар на село Тимјаник, неготинско, ловочувар од ловечко друштво „Вардар“ од Неготино, го затекнал К.В. со ранец во кој имало усмртено диво животно за време на ловостој. Полициски службеници извршиле увид на местото, при што од К.В. биле одземени дивечот, ловечка пушка „Бајкал“, дозвола за поседување оружје и друга документација – информираа од СВР – Велес.
Оттаму додадоа дека известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против К.В. ќе била поднесена соодветна пријава.
август 25, 2026
