Фудбал
Мароканецот Буади во Манчестер сити
Мароканскиот репрезентативец Ајуб Буади ги напушти редовите на француски Лил и потпиша петгодишен договор со Манчестер Сити, објави денеска англискиот клуб.
Според „Скај Спортс“, трансферот изнесува 81,3 милиони фунти, плус дополнителни 4,3 милиони фунти во бонуси.
„За мене, Манчестер Сити е најдобриот клуб во светот. Сон е да бидам тука и да имам можност да се наречам играч на Сити“, рече Буади.
Буади импресионираше на неодамнешното Светско првенство на кое беше стартер на пет од шесте натпревари на Мароко до патот до четвртфиналето.
„Сè уште имам многу простор да се подобрам. Имам само 18 години. Задоволен сум од напредокот што го постигнав досега, но исто така знам дека можам да се подобрам многу повеќе. Ова е несомнено најдоброто место за мене да го направам тоа“, додаде новото засилување на Манчестер Сити во изјава за клупскиот сајт.

