Connect with us

Формула 1

Норис најбрз на ГН на Холандија

Возачот на Мекларен, Ландо Норис победи на денешната трка во Формула 1 возена на патеката „Зандворт“ за Големата награда на Холандија.

За 26-годишниот Британец ова е втора победа по ред во Ф1 шампионатот.

Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, заврши втор, а неговиот клупски колега Џорџ Расел трет.

Трката ја одбележа и излетувањето од патеката на Макс Верстапен од Ред Бул уште во вториот круг по што Холанѓанецот целосно го искрши болидот.

Алекс Албон (Вилијамс), Валтери Ботас (Кадилак), Естебан Окон (Хас), Ленс Строл (Астон Мартин) и Оливер Берман (Хас) исто така предвреме ја завршија трката.

Пласман на првите 10:

1. Ландо Норис (Мекларен) – 72 круга
2. Андреа Кими Антонели (Мерцедес) +11.536 секунди
3. Џорџ Расел (Мерцедес) +15.906
4. Луис Хамилтон (Ферари) +16.755
5. Шарл Леклер (Ферари) +17.258
6. Оскар Пјастри (Мекларен) +32.332
7. Лиам Лосон (Ред Бул) +1:19.915
8. Нико Хулкенберг (Ауди) +1 круг
9. Фернандо Алонсо (Астон Мартин) +1 круг
10. Пјер Гасли (Алпин) +1 круг.