Connect with us

Ракомет

МИ2026: Катастрофален пораз на македонските ракометарки од Тунис

Македонската женска младинска ракометна репрезентацijа го претрпе вториот пораз на Медитеранските игри во Таранто, откако вечерва загуби катастрофално од Тунис со 43-11 во рамки на второто коло во групата А.

Избраничките на селекторот Даниела Новеска Вељаноска од самиот почеток на натпреварот беа инфериорни на теренот и сите дилеми околу крајниот победник беа познати веќе по првото полувреме во кое Тунис озбезбеди предност од 20-4.

Македонската репрезентација, која во стартното коло загуби од Грција со 24-31, ги продолжува натпреварите во групната фаза на Медитеранските игри в среда, кога од 15 часот се среќава со Алжир.