Connect with us

Ракомет

ГРК Охрид подобар од Вардар во финалето на турнирот „Крсте Андоновски“

Екипата на ГРК Охрид го одбрани трофејот на турнирот „Крсте Андоновски“. Домаќините на турнирот вечерва во финалето го победија Вардар со 29:27.

Охрид предноста од два гола стекната во првото полувреме ја зачуваа и по вторите 30 минути.

Охриѓани ги победија „црвено-црните“ и во финалето на турнирот во Струга пред една недела.

Третото место на силниот турнир во Охрид го освои Загреб, откако на пенали го совлада Тримо Требње со (24:24, 29:26). Во меч за петтото место Војводина го победи Нексе со 33:30.

Египет У20 славеше над Олимпијакос со 36:33 во натпреварот за седмото место.