Филм
Се очекува трето продолжение на серијалот „Национално богатство“ со Николас Кејџ
Популарната филмска франшиза „Национално богатство“ („National Treasure“), со Николас Кејџ во главната улога би можела да добие трето продолжение, изјави режисерот Џон Туртлтауб за „Холивуд репортер“. Според него, по филмовите „Национално богатство“ од 2004 година и „Национално богатство: Книга на тајните“ од 2007 година, третиот дел е навистина возможен.
„Во првите два дела Кејџ го толкува историчарот и трагач по богатства Бен Гејтс кој се впушта во мистериозни потраги по вредни артефакти поврзани со американската историја“, стои во синопсисот на филмот.
– Тоа значи дека може да се случи. Ако Ник го удри автобус, нема да има трето продолжение, но ако мене ми се случи тоа веројатно ќе има, се пошегува Туртлтауб, зборувајќи за тоа колку иднината на проектот зависи од клучните луѓе кои се вклучени во изработката. Сценариото е веќе подготвено и според мене проектот е прифатен и од „Дизни“, сопственик на франшизата, додаде тој.
Благодарение на него и Кејџ кој стана препознатлив по улогата на Бен Гејтс, првите делови од филмот постигнаа голем светски успех, а истото се очекува и од третиот дел.
август 25, 2026
