Connect with us

Фудбал

Ираола веќе има листа на нови играчи за Ливерпул

Премиерлигашот Ливерпул пред неколку дена по две сезони го отпушти менаџерот Арне Слот, откако холандскиот тренер во првата ја освои Премиер лига, а во втората екипата едвај избори пласман во Лигата на шампионите.

Голема веројатност на менаџерската позиција е да биде назначен Андони Ираола.

Од клубот веќе најавија заминување на Мохамед Салах, Енди Робертсон и Ибрахим Конате, а можни се заминувања на: Алисон Бекер, Куртис Џонс и Џо Гомез.

Едно о новите имиња би требало да биде Јан Диоманде од Лајпциг, како и Џерод Бовен од Вест Хем и Бредли Баркола од ПСЖ.

Поради повредите на Џереми Фимпонг и Конор Бредли на позицијата десен бек се споменува името на Дензел Дамфрис од Интер, додека како петти играч Ираола би сакал да го види Адам Вортон од Кристал Палас

Маркетинг
Ad 1
Ad 1