Фудбал
Де Брујне за неговата иднина во Наполи: Многу се зборуваше минатата сезона, но ништо не се случи
Фудбалерот на Наполи, Кевин Де Брујне се произнесе за неговата иднина во клубот од Неапол. Договорот на 34-годишниот Белгиец е до летото 2027 година.
-Имам уште една година од договорот, но сакам да разговарам за иднината со Наполи. Многу се зборуваше минатата сезона: Мораме да играме вака, ќе правиме ова и она. Но, ништо не се случи, го цитира Де Брујне инсајдерот Фабрицио Романо.
Во сезоната 2025/26, Белгиецот има 21 натпревар, пет гола и четири асистенции. Тој го пропушти поголемиот дел од сезоната поради повреда.
Наполи сезоната во Серија А ја заврши на второто место.
јуни 1, 2026
