Connect with us

Фудбал

Меси ја предводи Аргентина во одбрана на титулата

Селекторот на аргентинска репрезентација Лионел Скалони го објави списокот со 26 фудбалери за претстојното Светско првенство, на кој се најдоа 17 играчи со кои ја освои титулата на Мундијалот 2022 во Катар.
Аргентинците во одбрана на титулата ќе ги предводи 38-годишниот Лионел Меси, за кого Мундијалот од 11 јуни во 19 јули во САД, Мексико и Канада ќе биде вкупно шести во кариерата.
Меси е рекордер според бројот на одиграни мундијалски натпревари со 26 настапи, еден повеќе на вечната листа од поранешниот германски репрезентативец Лотар Матеус.
Аргентина ќе ја почне одбраната на титулата на 16 јуни против Алжир во Канзас Сити, по што следат преостанатите два натпревари од групата Ј, во Далас со Австрија на 22 јуни и Јордан на 27 јуни.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1