Connect with us

Фудбал

Медиуми: Конате, по пет години, го напушта Ливерпул

Францускиот фудбалер Ибрахим Конате ова лето ќе го напушти Ливерпул во чиј редови настапуваше изминатите пет години, јавија денеска британските медиуми.

Според „Скај Спорт, 27-годишниот Конате бил во преговори со Ливерпул за продолжување на договорот, но двете страни не постигнале согласност.

За услугите на Конате се заинтересирани голем број клубови низ Европа од почетокот на сезоната, но Французинот сè уште не донел одлука каде ќе ја продолжи кариерата.

Францускиот интернационалец одигра 183 натпревари за Ливерпул откако дојде од Лајпциг, освојувајќи една титула во Премиер лигата, еден ФА Куп и два трофеи во Лига Купот.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1