Фудбал
Едерсон пред трансфер од Аталанта во Манчестер јунајтед
Манчестер Јунајтед е блиску до потпишување договор со фудбалерот од средниот ред на Аталанта, Едерсон, јавија денеска светските агенции.
Дваесетишестгодишниот Бразилец долго време се поврзуваше со преселба на „Олд Трафорд“ и според извештаите ќе го засили Јунјатед во летниот преоден рок во трансфер вреден околу 38 милиони фунти.
Претходно, Јунјатед го продолжи договорот со тренерот Мајкл Карик, кој во јануари беше назначен за привремено решение по отказот што му беше врачен на Рубен Аморим.
Јунјатед под водство на Карик ја заврши сезоната во Премиерлигата на третото место и обезбеди пласман во Лигата на шампиони.

