Фудбал
Германскиот Суперкуп закажан за 22 август
Натпреварот за трофејот во германскиот Суперкуп „Франц Бекенбауер“ ќе се одигра на 22 август, објави денеска Германската фудбалска лига (ДФЛ).
За трофејот ќе се борат Баерн Минхен, кој оваа сезона ја освои шампионската титула и трофејот во националниот куп, и вицешампионот Борусија Дортмунд.
Двата тима ќе се сретнат по десетти пат во Суперкупот, а прв пат од 2021 година.
Изминатата сезона, Баерн ја освои шампионската титула со 16 бодови повеќе од Борусија, додека во финалето во германскиот Куп го совлада Штутгарт со 3-0, предводен од тројниот стрелец Хари Кејн.

