Фудбал
Холандија со Депај на СП 2026
Селекторот на холандската фудбалска репрезентација Роналд Куман го објави денеска список од 26 фудбалери за Светското првенство, кое ова лето ќе го организираат Мексико, Канада и САД.
Куман одлучи да го повика 32-годишниот играч на бразилски Коринтијанс, Мемфис Депај, кој е најдобар стрелец во историјата на холандската репрезентација со 55 голови на 108 натпревари.
Депај неодамна се закрепнуваше од повреда на бутниот мускул, поради што не играше за Коринтијанс во последните два месеци.
„Ако е физички подготвен, а се надеваме дека ќе биде, тогаш не можам да го замислам тимот без него“, рече селекторот Куман.
Голем хендикеп за Холанѓаните ќе бидат отсуствата поради повреди на Чави Симонс, Матијас Де Лихт и Стефан Де Вриј.
Холандија на Светското првенство ќе игра во групата Ф против Шведска, Јапонија и Тунис.
мај 28, 2026
