Фудбал
О’Нил останува на клупата на Северна Ирска до 2032
Рекордерот според бројот на натпревари како предводник на фудбалската репрезентација на Северна Ирска, 56-годишниот Мајкл О’Нил го продолжи денеска договорот и ќе остане селектор до лето 2032 година.
О’Нил ја предводеше Северна Ирска од 2011 до 2020 година, кога се повлече поради пандемијата на Ковид-19, но се врати на клупата во декември 2022 година.
Зад себе има 104 натпревари како северноирски селектор, а најголемиот успех го постигна со пласманот на ЕУРО 2016 на кое ја мина групната фаза. За Северна Ирска прво големо натпреварување по пауза од 30 години и настапот на Светското првенство во Мексико во 1986 година.
„Оваа работа ми значи многу. Сè уште цврсто верувам во потенцијалот на оваа група играчи и во насоката во која се движиме. Имаме многу работа пред нас, но возбуден сум што ни носи иднината“, рече О’Нил.
Подолг селекторски стаж од О’Нил имаат само Гиљермо Стабиле, кој речиси 19 години ја предводеше Аргентина и Виторио Поцо, кој повеќе од 18 години седеше на клупата на Италија, обајцата во првата половина на минатиот век.

