Фудбал
Суарез казнет со шест натпревари

Уругваецот Луис Суарез заработи казна од шест натпревари неиграње поради непристојното однесување на финалето од Лига купот против Сиетл. Суарез го плукна во лице тренерот на противничката екипа за време на вербалниот однос и туркање за време на натпреварот. Целиот настан беше снимен и од камерите и дисциплинската комисија немаше тешка работа.
Ова значи дека Суарез нема да може да игра следната сезона дека се системот на натпреварувањето е со елиминации.
Сепак добра вест за тренерот на Интер Мајами Хавиер Маскерано е дека казната не важи за натпреварите во МЛС лигата.
Казни на финалето со Сиетл добија уште двајца играчи на Мајами, Серхио Бускетс и Томас Авилес.
септември 7, 2025