Тенис
Зверев го откажа настапот во Хамбург
Германскиот тенисер Александар Зверев нема да настапи на претстојниот турнир во неговиот роден град Хамбург, јави денеска агенцијата ДПА.
Според истиот извор, Зверев чувствува болки во грбот и претпочита да одмори уште една недела пред вториот сезонски грен слем турнир Роланд Гарос.
Турнирот во Хамбург започнува в недела, а Ролан Гарос на 24 мај.
„Навистина сум разочаран што морам да се повлечам од овогодишниот турнир во Хамбург. Тоа е мојот роден град и за мене секогаш е посебно да играм пред домашната публика. За жал, од почетокот на сезоната на земјена подлога чувствувам болки во грбот и тоа ме ограничува на теренот. Мојот медицински тим препорача да направам пауза и да закрепнам“, изјави Зверев.
Германскиот тенисер ќе биде втор носител на Ролан Гарос, откако Шпанецот Карлос Алкараз објави дека нема да игра. Прв носител во Париз ќе биде италијанскиот тенисер Јаник Синер.

