Connect with us

Тенис

Синер го доби продолжението со Медведев за финале на Мастерсот во Рим

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер успеа во продолжението да го добие полуфиналето со Данил Медведев со 2-1 во сетови. Во решавачкиот сет, кој беше прекинат поради дожд го доби Синер со 6:4 во гемови.

На тој начин во меѓусебниот скор со Медведев поведе со 10-7 во добиени мечеви и воедно ова му беше 33.та победа во низа на мастерс турнирите.

Во финалето кое ќе се игра утре негов ривал ќе му биде Каспер Руд, кој вчера го надигра Лучано Дардери со 2-0 во сетови (6:1 и 6:1). Против Руд, Синер има скор во 4:0 во победи.

Синер ќе се бори за 29.та титула во кариерата, а прва на Мастерсот 1000 во Рим. Со пласманот во финалето тој го изедначи својот најдобар резултат во кариерата – финалето од ланската сезона.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1