Connect with us

Тенис

Синер го сруши рекордот на Ѓоковиќ за најмногу последователни победи на Мастерс турнири

Светскиот рекет број 1, Јаник Синер, постави рекорд за најмногу последователни победи на Мастерс турнири.

Денешната победа на Италијанецот со 6:2 и 6:4 над Русинот Андреј Рубљов во четвртфиналето на турнирот во Рим ја одбележа неговата 32-ра последователна победа, надминувајќи го Србинот Новак Ѓоковиќ кој забележа 31. победа во низа.

Во полуфиналето на турнирот во италијанската престолнина, 24-годишниот Синер ќе се соочи со победникот од натпреварот помеѓу Мартин Ландалуса (Шпанија) и Данил Медведев (Русија).

Маркетинг
Ad 1
Ad 1