Connect with us

Останати спортови

Стефан Мелник освои сребрен медал на Светското првенство за слабовиди и слепи шахисти

Членот на младинската школа на ШК Алкалоид Стефан Мелник беше повикан за настап во репрезентацијата на слабовидни и слепи шахисти, која учествуваше на Светското екипно првенство во шах во издание на IBCA (Интернационалната Брајова шаховска асоцијација).

Тој беше најмладиот член на репрезентацијата и единствениот играч под 18 години на целиот турнир, кој се одигра во Црна Гора, а на кој учествуваа 21 репрезентација. Македонската селекција беше на делба на 9. место, поточно го освои 10. место според дополнителните критериуми.

Мелник во последните пет кола освои 4,5 бода. Со овој резултат тој се избори за сребрен медал на петтата табла (најдобар резервен играч), што е огромен успех. На почетокот на турнирот Стефан имаше стартен рејтинг од 1819 бодови, а по одиграните пет партии заработи нови 72 рејтинг-бода.

– Поканата да играм за репрезентацијата на слабовидни и слепи шахисти дојде во вистинско време за мене бидејќи претходниот период бев посветен на нешта кои го оттргнаа мојот фокус од шаховската игра. Почувствував дека немам што да загубам и растоварено влегов во овој филм. Во првите неколку кола шанса за настап добија поискусните играчи, а моите пет минути дојдоа во втората половина на турнирот – раскажува Стефан за своето искуство.

Репрезентацијата на Полска, која беше најдобро рангирана според просечниот рејтинг на играчите, а за која играа тројца играчи со титули (еден велемајстор и двајца интернационални мајстори), го оправда епитетот на фаворит и со 17 од можни 18 поени го освои златниот медал, пред Украина со 16 и Србија со 13 бодови. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1