Connect with us

Фудбал

Французинката Гејоро стана најскапата фудбалерка во светот

Англискиот клуб Лондон Сити ја направи француската интернационалка Грејс Гејоро (28) најскапата фудбалерка во историјата, ангажирајќи ја од редовите на Пари Сен Жермен за рекордни 1,4 милиони фунти (1,89 милиони долари).

Цената што ја плати тимот од англиската женска Суперлига ја надминува сумата од 1,5 милиони долари (1,1 милион фунти) колку што издвои американски Орландо за мексиканската фудбалерка Лизбет Овале минатиот месец.

Женскиот фудбал од почетокот на оваа година четири пати го соборуваше трансфер рекордот, откако Челзи плати 900.000 фунти за Наоми Гирма во јануари, пред Арсенал да плати еден милион фунти за да ја донесе Оливија Смит од Ливерпул во јули.

Лондон Сити ја почнува својата прва сезона во англиското првенство против актуелниот европски првак Арсенал, во градското дерби в сабота.