Фудбал
Младински репрезентативци на Луксембург хоспитализирани по сообраќајна несреќа

Петмина членови на фудбалската репрезентацијата на Луксембург до 21 година се хоспитализирани по сообраќајна несреќа во северозападна Франција, јави денеска агенцијата ДПА.
Фудбалската федерација на Луксембург (ЛФФ) соопшти дека играчите претрпеле полесни повреди и биле префрлени во болница како мерка на претпазливост.
Репрезентацијата на Луксембург патувала на натпревар против Франција во рамки на квалификациите за пласман на Европското првенство, а инцидентот се случил откако на возачот на автобусот ми се слошило.
Натпреварот требаше да се одигра денеска, а УЕФА го презакажа за 23 октомври
септември 6, 2025