Connect with us

Фудбал

Касемиро: Карик треба да остане на клупата на Јунајтед

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Касемиро, изјави денеска оти Мајкл Карик веќе покажал дека поседува квалитет и треба да остане на тренерската клупа како долгорочно решение.

Карик беше назначен за привремен тренер до крајот на сезоната, откако Рубен Аморим беше отпуштен во јануари.

Јунајтед победи на 10 од 14 натпревари под водство на Карик, вклучувајќи ги триумфите над Арсенал, Манчестер Сити, Ливерпул и Челзи, и обезбеди место во Лигата на шампионите следната сезона.

„Мислам дека тој е некој кој веќе покажа дека има многу добри квалитети за да биде тренер на Манчестер Јунајтед. Секако, сезоната е цела година. Но, откако пристигна, тој заврши неверојатна работа и мислам дека со повеќе време ќе има сè што му е потребно за да биде одличен тренер на Манчестер Јунајтед“, изјави Касемиро за бразилските медиуми.

Јунајтед е третопласиран на табелата во Премиер лигата со 64 бодови на три кола пред крајот на сезоната.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4