Connect with us

Фудбал

Засега нема тв-преноси од фудбалскиот Мундијал за Кина и Индија

Светската фудбалска федерација (ФИФА) засега нема постигнато договор се емитување на тв-преноси во двете држави со најмногу жители – Кина и Индија. Тв правата во овие држави се уште не се продадени – откупени на официјални канали што значи дека милијарди луѓе би можеле да останат без ТВ преноси.

Преговорите на ФИФА со кинеските и индиските ТВ куќи се во застој.

Како што пренесуваат други медиуми причината се високите финансиски барања од страна на ФИФА, која разбирливо од своето најдобро натпреварување сака да заработи повеќе пари.

Во Индија, каде крикетот е спорт број 1 не постои голем интерес за натпреварите од Мундијалот, како што очекуваа од ФИФА. Отсуството на договор со Кина е стратешки ризик за ФИФА. Доколку не дојде до решавање на проблемот и обезбедување на лиценци за Индија и за Кина, ФИФА се соочува и со загрозување на својата цел ширење на фудбалот како бренд.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2