Connect with us

Општини

Општина Велес распиша јавен повик за субвенции за купен велосипед

Општина Велес денеска распиша јавен повик согласно кој на физичките лица од општината кои ќе купат велосипед од денеска до 02.06.2026 година ќе им субвенционира дел од трошоците направени при купување велосипедот.

Како што информираат од Општина Велес, на барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка на велосипед во висина од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 4.500 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Јавниот повик ќе се реализира по принципот „со извлекување по случаен избор – транспарентно“.

Право на учество на овој Јавен повик имаат физички лица кои ќе купат велосипед од денот на објавата на Јавниот повик зклучно со 2 јуни годинава кои  ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за купен велосипед, а ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.

Повеќе информации околу условите и начинот за аплицирање ќе може да  се најдат на официјалната веб страна на Општина Велес  – https://veles.gov.mk/javenpovik-subvencii-velosiped-2026/

Маркетинг
Ad 4
Ad 3