Connect with us

Општини

Јаневска: Не се укинува фолклорната насока во средното музичко училиште во Битола, в година ќе има прием на заинтересирани ученици

Дезинформација е дека се укинува фолклорната насока во средното музичко училиште во Битола. Првпат ја отворивме минатата година. В година повторно ќе има прием на заинтересирани ученици ако воопшто ги има – изјави денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Таа посочи дека како министер дозволила да се отвори фолклорна насока, со тоа што сметале – луѓето, секторот, вработените и во консултација со училиштето – дека е значајно да се зачувуваат нашите традиционални музики и нашето национално творештво.

– Не значи дека се укинува, туку лани беа запишани осум ученици, годинава правиме пауза и во договор со училиштето в година повторно ќе биде отворена истата паралелка за да се запишат ученици. Осум ученици не можеме да кажеме дека е преголем интерес. Тоа ќе го правиме секоја втора година за да немаме хиперпродукција на кадри, кои во иднина би имале проблем да го искажат својот талент, креативност итн. Значи, не се затвора паралелката, таа лани е отворена и в година повторно ќе има прием на заинтересирани ученици ако воопшто ги има – додаде Јаневска одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на доделувањето на државната награда „Гоце Делчев“ за остварувања во науката.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3