Connect with us

Општини

Кумановската гимназија го чествува Гоце Делчев

Кумановската гимназијата „Гоце Делчев“ денеска одбележа 123 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. Пред бистата на великанот во дворот на училиштето цвеќе положија претставници од училиштето, општината, советот, политичките партии, здруженија на граѓани.

-Го одбележуваме патронатот на училиштето. Горди сме што го носиме името на великанот, Гоце Делчев, достојно презентирајќи го со исклучителни успеси на државно и меѓународно ниво. Училиштето започнало со работа 1945/46 година, но со целосна настава започнува наредната, така што оваа година одбележуваме 80 години-рече директорката на училиштето, Марија Тодоровска.

Учениците од гимназијата се меѓу најуспешните во државата, освојуваат врвни меѓународни награди по речиси сите предмети. Гимназијата соработува со други училишта од Европа, учествува на бројни европски проекти и еразмус проекти.

– Реализираме бројни проекти и препознатливи сме меѓу гимназиите на европско ниво. На ниво на државата сме една од најдобрите со децении наназад. За тоа зборуваат европските признанија кои ги добиваме. Нашите ученици освојуваат високи места на државно и европско ниво, изјави директорката.

Гимназијата „Гоце Делчев“ е меѓу првите училишта во градот коешто беше целосно реконструирано. Учениците подготвија празнична програма во чест на патронот, која ја проследија присутните гости.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3