Connect with us

Останати спортови

Двобојот за светската титула во шах закажан за ноември

Двобојот за титулата светски шаховски првак во машка конкуренција ќе се одржи од 23 ноември до 17 декември оваа година, објави Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ).
Индиецот Гукеш Домараџу ќе ја брани титулата против предизвикувачот од Узбекистан, Јавокир Синдаров.
ФИДЕ објави дека веќе е отворена постапка за избор на домаќин за натпреварот, а организаторот треба да обезбеди награден фонд од најмалку 2,5 милиони долари.
Синдаров избори можност да го предизвика светскиот првак, откако триумфираше на турнирот на кандидатите што минатиот месец се одржа во Кипар.
Светската титула во шах е во сопственост на Индиецот Домараџу од 2024 година, кога го победи Кинезот Лирен Динг.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2