Connect with us

Кошарка

НБА: Џенкинс официјално нов тренер на Милвоки

НБА лигашот Милвоки го назначи денеска Тејлор Џенкинс за нов тренер.
Џенкинс веќе работеше во Милвоки како помошник тренер во сезоната 2018/19, а на клупата седнува на местото на Док Риверс, кој беше на таа позиција од јануари 2024 година.
„Тејлор е иновативен и амбициозен тренер кој отелотворува култура на победа и напорна работа. Неговиот кошаркарски интелект, сеопфатното искуство и лидерските вештини одиграа клучна улога во градењето успешни тимови во текот на неговата кариера. Тој е вистинскиот избор да го однесе нашиот тим на следното ниво“, рече генералниот менаџер на Милвоки, Џон Хорст.
Единствениот клуб во НБА лигата каде Џенкинс ја извршуваше тренерската должност беше Мемфис, чиј тим го водеше од јуни 2019 до март 2025 година.
Милвоки не успеа да се пласира во плејофот оваа сезона, завршувајќи на 11 место на табелата во Источната конференција со 32 победи и 50 порази.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2