Кошарка
НБА: Минесота и Њујорк обезбедија конференциско полуфинале
Кошаркарите на Минесота се пласираа во второто коло од плејофот во Западната конференција во НБА лигата, откако синоќа го совладаа Денвер со 110-98 во шестиот натпревар и ја завршија серијата со вкупен резултат од 4:2 во победи.
Херој на вечерта беше Џејден Мек Дениелс со 32 поени и 10 скокови.
На спротивната страна, Никола Јокиќ го предводеше Денвер со 28 поени, 10 асистенции и девет скокови, но немаше доволна поддршка од соиграчите.
Минесота во конференциското полуфинале на Западот ќе игра против Сан Антонио.
Првата пречка во плејофот ја минаа и кошаркарите на Њујорк кои со убедлив триумф од 140-89 над Атланта ја затворија серијата со 4-2 и четврта сезона по ред се пласираа во конференциско полуфинале на Истокот.
Оу Џи Ануноби беше најефикасен во редовите на Њујорк со 29 поени.
Кошаркарите на Филаделфија се избори за седми натпревар против Бостон со победа од 106-93 во шестиот натпревар од серијата.
мај 2, 2026

