Connect with us

Кошарка

НБА плејоф: Победи за Детроит, Кливленд и Хјустон

Екипите на Кливленд, Детроит и Хјустон забележаа победи на петтите натпревари од серијата во првото коло на плејофот на НБА-лигата.

Кливленд на домашен терен беше поуспешен од Торонто со 125:120. Најефикасен на натпреварот беше гостинскиот кошаркар Ар Џеј Барет со дабл-дабл од 25 поени и 12 скока. Во победничкиот тим се истакнаа Харден и Мобли со по 23 поени.

Кливленд води со 3:2 во серијата прв до четири.

Со победата 116:109 над Орландо, Детроит намали на 2:3 во серијата. Натпреварот се одигра во Детроит.

Гостинска победа во Лос Анџелес забележа и Хјустон со 99:93 и исто така намали на 2:3. Најефикасен на натпреварот во „Crypto.com Arena“ беше Леброн Џејмс со 25 поени, но и тоа не беше доволно да се избегне поразот.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2