Фудбал
Алварез го повреди глуждот на натпреварот против Арсенал
Аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез синоќа го започна првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Атлетико Мадрид и Арсенал (1:1) и постигна гол во 56. минута. Според аргентинскиот новинар Гастон Едул, Алварез бил заменет од претпазливост откако го повредил глуждот. Повредата не се смета за сериозна, а напаѓачот треба да биде подготвен за реваншот од полуфиналето, кој ќе се одржи на 5 мај во Лондон.
Алварез постигна 20 гола и има девет асистенции на 48 натпревари во сезоната 2025/26.
Во септември 2025 година, фудбалерот пропушти еден натпревар поради повреда на лигамент на колено.
Раководството на Атлетико Мадрид пред неколку дена излезе со став дека нема да го продаде Алварез за 150 милиони евра.
април 30, 2026

