Connect with us

Ракомет

Охрид со победа над Бутел го чека европското реванш полуфинале

Ракометарите на Охрид постигнаа победа во последниот натпревар од 6. коло од плеј офот од Супер лигата откако вечерва го совладаа Бутел со 31:26. Ова беше воедно и последна контрола за охриѓани пред реванш полуфиналето од ЕХФ Европскиот куп што го играат в сабота на домашен терен со Цеље.

На почетокот на дуелот Охрид поведе со 5:1, но противникот брзо се врати и постоеше резултатска рамнотежа и на полувреме беше 16:16. Резултатот последен пат беше нерешен 18:18.

Охрид постепено го зголемуваше водството и на крајот беше 31:26. Ален Ќосевски беше најефикасен со 9 голови, додека Бојан Блажески имаше 10 одбрани.

Охрид со денешната победа се проби на втората позиција со 46 бодови, колку што има и третиот Еурофарм Пелистер, а лидер е Вардар со 54 бодови. На четвртото место е Алкалоид со 40 бодови

Маркетинг
Ad 4
Ad 4