Connect with us

Ракомет

Златен медал за македонските кадети ракометари на Светското училишно првенство

Машката македонска ракометна селекција успеа да го освои златниот медал на Светското училишно првенство што изминативе денови се одржуваше во Скопје. Македонските кадети во финалето попладнево ја совладаа репрезентацијата на Израел со 38:32.

Македонскиот тим предводен од селекторот Горан Кузманоски имаше водство во текот на целиот натпревар, а на полувреме беше 20:14. Во вториот дел противникот намали на два негатива, но македонските кадети не дозволија пресврт.

Во женското финале на ова натпреварување Хрватска ја совлада Македонија со 28:26.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1