Кошарка
Јокиќ се искачи на првото место со најмногу трипл-даблови во историјата на НБА
Центарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, ноќеска оствари трипл-дабл во петтиот натпревар од победата на Минесота Тимбервулвс од 125:113 во првото коло од плејофот во НБА.
Триесет и едногодишниот Србин постигна 27 поени, 12 скока и 16 асистенции. Ова е неговиот 221-ви трипл-дабл во регуларната сезона и плејофот заедно.
Оваа статистика го става Јокиќ на исто ниво со плејмејкерот на Сакраменто Кингс, Расел Вестбрук, за најмногу трипл-даблови во историјата.
Во Топ 5 на оваа листа се наоѓаат уште и: Оскар Робертсон (189 трипл-даблови), Меџик Џонсон (168) и Леброн Џејмс (153).
април 28, 2026

