Кошарка
Сан Антонио го победи Портланд и се пласираше во четвртфиналето на плејофот во НБА
Сан Антонио ноќеска го победи Портланд со 114:95 во првото коло од плејофот на НБА. Натпреварот се одигра во „Фрост Бенк Центарот“ во Сан Антонио.
Центарот на Спарс, Виктор Вембањама, оствари дабл-дабл со 17 поени и 14 скока.
Сан Антонио ја доби серијата со 4:1 и се пласираше во второто коло од плејофот.
Гостинска победа ноќеска забележа Филаделфија против Бостон селтиксво петтиот натпревар од првото коло од плејофот на НБА со 113:97. Водството во серијата сега е 3:2 во корист на Селтикс.
Центарот на 76ерс, Џоел Ембид, постигна 33 поени, додека Џејсон Тејтум беше најдобрито во поразениот тим со дабл-дабл со 24 поени и 15 скока.
Шестиот натпревар од серијата ќе се одржи во утревечер во Филаделфија.
На третиот натпревар одигран ноќта вторник кон среда, Њујорк ја победи Атланта со 126:97 и поведе со 3:2 во серијата прв до четири.
април 29, 2026

