Connect with us

Ракомет

Ракометарите на Охрид пред полна сала до победа за финале

Ракометарите на ГРК Охрид в сабота го играа реванш полуфиналето од ЕХФ Европскиот куп, а од клубот денеска информираа дека влезници за саботниот дуел повеќе нема. Тоа значи дека СЦ „Билјанини извори“ ќе бидат исполнети до последното место.

Ова значи дека охриѓани повторно ќе бидат голема помош за нивните миленици да стигнат до посакуваната цел – пласман во финалето од европското натпреварување.

На првиот дуел словенечкиот претставник и поранешен европски шампион Цеље оствари победа од 27:26 на домашен терен.

Ракометарите на Охрид утре го играат и првенствениот дуел со Бутел. 

Реванш полуфиналето се игра во сабота (2.мај) со почеток на 19 часот. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 1