Ракомет
Ракометарите на Вардар во Монпелје одат по позитивен резултат
Лидерот во македонското ракометно првенство, тимот на Вардар вечер го играат првиот четвртфинален натпревар во Европската лига. „Црвено-црните“ му гостуваат на Монпелје.
Вардарци на југот на Франција одат по резултат којшто ќе ги остави во игра пред реваншот во Скопје.
Вардар и Монпелје се поранешни европски шампиони, Вардар двете титули ги освои во 2017 и 2019 година. Оттогаш помина речиси цела деценија за тимот да дојде до шанса повторно да биде помеѓу најдобрите во еден европски куп.
Четвртфиналето Вардар го обезбеди директно како првопласиран во групната фаза, додека францускиот тим беше поуспешен во пресметката со Елверум (36:24 и 35:31).
Натпреварот во Монпелје почнува во 20:45 часот, а реваншот е по седум дена во Скопје.
април 28, 2026

