Connect with us

Фудбал

Навивачите на европските клубови се против играње надвор од своите држави

Стотина фудбалски навивачки организации од Европа изразија противење на планот на Ла Лига и Серија А натпревари од националните првенства да се играат на терени во САД односно Австралија.

Идејата играчи, стручни штабови, вработени во клубовите да играат „домашен натпревар“ во САД и Австралија е апсурдна и неодговорна, е напишано во изјавата на здружението на фудбалски навивачи потпишано од 423 групи од 25 држави.

Тие наведуваат дека имаат повеќе од три милиони навивачи во нивните организации, а стравуваат дека УЕФА на состанокот на 11.септември може да даде „зелено светло“, а тоа значи непредвидливи и неповратни последици.

Стравувањето на навивачите стигна откако шпанската и италијанската фудбалска федерација дадоа поддршка натпревари да се играат надвор од „матичните држави“. Дуелот од Ла Лига Виљареал – Барселона треба да се игра на 20.декември во Мајами, САД, а натпреварот Милан – Комо на почетокот во февруари 2026 година би требало да се игра во Перт, Австралија.