Ракомет
Убедливи победи за македонските селекции во првото коло на Светското училишно првенство во ракомет
Македонските репрезентации со успех ги почнаа своите настапи на Светското училишно првенство во ракомет што се одржува во Скопје.
Кадетите во салата „Македонско Сонце“ беа поуспешни од врсниците од Бугарија со 33:18 (11:9 полувреме).
Најефикасни во македонската селекција беа Лука Јовиќ со шест, Костов и Ѓорѓиевски со по пет погодоци. Голманите Фехми и Трсунов запишаа по шест одбрани.
Во групата А се и репрезентациите на Грузија, Република Српска и Саудиска Арабија.
Нашите репрезентативки забележаа убедлива победа против Белгија 34:12 на дуелот со кој се играше во салата „Крсте Мисирков“.
Во оваа група настапуваат и селекциите на Грузија и на Словачка.
Македонските ракометари во второто коло утре ќе се соочат со Грузија (8:30 часот), додека ракометарките за ривал исто така ќе ја имаат селекцијата на Грузија (почеток 10:30 часот).
април 23, 2026

