Ракомет
Алушовски повеќе не е тренер на Еурофарм Пелистер
Стевче Алушовски и актуелниот македонски ракометен шампион Еурофарм Пелистер ја прекина соработката.
– РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека по поразот во полуфиналето на Купот на Македонија во Струмица, тренерот на екипата Стевче Алушовски поднесе оставка од својата позиција. Клубот ја прифати и му се заблагодари на Алушовски за професионалната работа, објавија битолчани попладнево на социјалните мрежи.
До крајот на сезоната екипата ќе ја води асистентот на Алушовски, Алексо Лембанов.
април 23, 2026

