Connect with us

Кошарка

Вембањама доживеа потрес на мозокот во натпревар од плејофот на НБА

Центарот на Сан Антонио спарс, Виктор Вембањама, доби дијагноза потрес на мозокот во вториот натпревар од осминафиналето на НБА против Портланд треилблејзерс, објави „ESPN“.

Натпреварот се одигра ноќеска и заврши со победа на Портланд 106:103.

Во втората четвртина, Вембањама по еден дуел со Џру Холидеј, ја изгуби рамнотежата и падна незгодно, удирајќи ја главата на подот. Дваесет и двегодишниот кошаркар не се врати на теренот после тоа.

Во текот на денешниот ден Французинот ќе биде подложен на дополнителни тестови. Според правилата на НБА, играч со дијагноза потрес на мозокот не може целосно да учествува во натпреварите најмалку 48 часа, но постепено може да се врати на тренинг по 24 часа.

Следниот натпревар помеѓу Сан Антонио и Портланд ќе се одржи на 25 април. Резултатот во серијата прв до четири победи е 1:1.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3