Connect with us

Кошарка

Панатинаикос избори плејоф, за Црвена ѕвезда заврши Евролигата

Панатинаикос ќе игра во плејофот на кошаркарската Евролига, откако синоќа во дуелот со Монако забележа победа со 87:79. 

Предводник до победата на грчкиот тим беше македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс кој постигна 21 поен.

Монако ќе има уште една шанса да оди во четвртфиналето. За пласман во Топ 8, Монако ќе игра со Барселона.

Каталонците синоќа на домашен терен ја победија Црвена ѕвезда за која сезоната во Евролигата заврши. Барселона клучната предност ја оствари во првото полувреме кое го доби со 47:33, за на крај да слави со 80:72.

Клајбурн и Пантер беа најефикасни во победничкиот тим со по 22 поена, кај белграѓани се истакна Милер-Мекинтаер со 19 поени.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1