Кошарка
Соиграч на Дончиќ од ЛА Лејкерс доби словенечки пасош
Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс Џексон Хејс за американските медиуми потврди дека добил словенечки пасош што значи дека ќе може да настапува и за словенечката репрезентација и да настапува заедно со клупскиот соиграч Лука Дончиќ и на репрезентативно ниво. Право на настап ќе има веќе во летните „прозори“ на ФИБА кога ќе се играат квалификации за Светското првенство.
– Не знам ниту збор словенечки … знам некој, но тоа не е за пред новинари, изјави Хејс пред новинарите.
Хејс беше пик број 8 на драфтот во 2019 година, а сезонава неговите бројки се: 7,5 поени и 4,5 скокови за 18 минути. Пред него за репрезентацијата на Словенија настапуваа Ентони Рендолф, Мајк Тоби и Џош Нибо.
април 22, 2026

