Connect with us

Кошарка

Соиграч на Дончиќ од ЛА Лејкерс доби словенечки пасош

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс Џексон Хејс за американските медиуми потврди дека добил словенечки пасош што значи дека ќе може да настапува и за словенечката репрезентација и да настапува заедно со клупскиот соиграч Лука Дончиќ и на репрезентативно ниво. Право на настап ќе има веќе во летните „прозори“ на ФИБА кога ќе се играат квалификации за Светското првенство.

–  Не знам ниту збор словенечки … знам некој, но тоа не е за пред новинари, изјави Хејс пред новинарите.

Хејс беше пик број 8 на драфтот во 2019 година, а сезонава неговите бројки се: 7,5 поени и 4,5 скокови за 18 минути. Пред него за репрезентацијата на Словенија настапуваа Ентони Рендолф, Мајк Тоби и Џош Нибо.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2