Connect with us

Свет

Јоргенсен: Европа ја очекува „тешко лето“ поради недостиг на гориво

Европскиот комесар за енергетика Ден Јоргенсен денеска предупреди дека Европа, дури и при најповолно сценарио, ја очекува „тешко лето“ поради недостиг на гориво предизвикан од војната во Иран и затворањето на Ормуската Теснина.

Јоргенсен во Мадрид изјави дека Европската Унија подготвува мерки за ублажување на последиците што војната ги има врз снабдувањето со млазно гориво

– Доколку биде потребно, можеме да ги прераспоредиме ресурсите на млазно гориво со кои располагаме – изјави Јоргенсен пред новинарите.

Европските авиокомпании веќе упатија предупредување дека поради војната во Иран може да дојде до недостиг на млазно гориво во рок од неколку недели, со оглед на тоа што е блокирана главната рута за снабдување низ Ормуската Теснина.

Околу 75 отсто од европското снабдување со млазно гориво доаѓа од Блискиот Исток. Прекинот на глобалните залихи на нафта поради војната во Иран ја зголеми цената на летовите на долги релации од Европа за речиси 90 евра, што веројатно ќе доведе до поскапување на билетите, соопшти денеска невладината организација Европска федерација за транспорт и животна средина (Т&Е).

Според податоците на Т&Е, растот на цените на млазното гориво го зголемил просечниот трошок за гориво за 88 евра по патник на летовите на долги релации што поаѓаат од Европа и за 29 евра на летовите во рамките на Европа.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3