Connect with us

Општини

Занаетчиите бараат мерки за сузбивање на нелојалната конкуренција

Сивата економија останува една од најголемите закани за формалното стопанство во државата, изјави денеска Агрон Фазлији, од Занаетчиската комора на Македонија. Занаетчиите бараат засилени мерки за нејзино сузбивање, но и воспоставување фер и рамноправни контроли на пазарот, со цел заштита на регистрираните субјекти. Од Комората укажуваат дека е неопходна континуирана и системска борба против нерегистрираната економија, која, според нив, сериозно ја нарушува конкуренцијата.

Претседателот на Занаетчиската комора Агрон Фазлији, посочува дека формалните дејности не смеат да бидат третирани како дел од сивата економија, додека неформалните активности се во пораст.

– Формалните дејности не се сива економија, тие се регистрирани, а од друга страна според сите наши статистики во поголемите градови секој втор или трет стан врши неформална дејност. Дури и дел од вработените во јавниот сектор, по работното време, нудат вакви услуги по пониски цени. Потребно е да се воведе ред и во царинските контроли низ целата држава, бидејќи преку руралните општини со гранични премини влегува роба која не се оданочува- изјави Фазлији

Од комората нагласуваат дека трпат последици и од „нелојалната конкуренција од интернет продажбата“, каде што често не се издаваат фискални сметки, а граѓаните не добиваат ниту гаранција за купените производи.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3