Connect with us

Фудбал

Манчестер сити го совлада Арсенал и остана во трка за титулата

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Арсенал со 2:1 вечерва на домашен терен, во натпревар од 33 коло во Премиер лигата и ја намалија разликата на три бода зад лондонскиот тим во трката за титулата.

Сити поведе со голот на Рајан Черки во 16 минута, но само 107 секунди подоцна, Арсенал израмни со голот на Каи Хаверц по кардинална грешка на голманот Џанлуиџи Донарума.

Победата на Манчестер сити му ја донесе Ерлинг Халанд во 66. минута.

Фудбалерите на Сити двапати ја погодија стативата, преку Черки и Халанд, а имаа и изгледни шанси преку Бернардо Силва, Долу, и Антоан Семењо.

На другата страна, играчите на Арсенал, Еберечи Езе и Габриел, ја погодија рамката на голот.

Во петтата минута од судиското продолжение, Хаверц пропушти идеална шанса за гол, доведувајќи го во очај тренерот Микел Артета.

Сити е втор на табелата со 67 бодови, три помалку, но и натпревар помалку од Арсенал, кој го претрпе својот втор пораз по ред.

Тимот на Пеп Гвардиола ќе игра против Барнли в среда и со победа бодовно ќе се израмни со Арсенал.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3